Wednesday, September 28, 2016

                                                 Диви Животни

 Од диви животни има главно претставници на медитеранската и средноевропската фауна. На средноевропската, преставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.




Мечките  семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми иарктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.

 Ours brun parcanimalierpyrenees 2.jpg



 Волкот  е најголемиот претставник од семејството кучиња кои живее во дивина, а предок е на домашниот пес. Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница. Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полово созреваат дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

 Kolmården Wolf.jpg


Исхрана-Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во глутници ирваси, срни или некој вид на елен. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како и зајаци, куни и кртови. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и мрши како и отпадоци.




 Дивата свиња или вепар кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи). Дивата свиња е близок роднина на домашната свиња, живее во чопори воглавно околу влажните шуми. Тоа е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. За таа бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни напријатели. Трча исклучително брзо, а исто така е и добар пливач.

Исхрана-Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а истотака се и добри пливачи. Воглавно се задржуваат по ивиците на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.
Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешови.

 Image result for Дива свиња




 Рис  род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор “lynx”, со потекло од индо-европскиот корен “*leuk”, што значи „светлина, сјај“, поради сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со класифицирањето на фамилијата мачки, а некои ги класифицираат како дел од родот Фелис. Каракалот, кој понекогаш се нарекува персиски рис или африкански рис, не припаѓа на овој род.



Карактеристично за рисот е кратката опашка и црните перчиња на врвот на ушите. Под вратот има грива со црни линии (не секогаш видливи), кои наликуваат на вратоврска. Рисот има широки шепи погодни за одење по снег, и големи мустаќи на лицето.
Бојата на крзното варира од ‘рѓаво кафеава до жолто кафеава, а понекогаш е обележана и со темно-кафеави точки, особено на екстремитетите. Сите видови рис имаат бело крзно на градите, стомакот и на внатрешноста на нозете, кои се продолжетоци од крзното на градите и стомакот. Бојата на рисот, изгледот на крзното и големината на шепите варираат во зависност од неговиот климатски регион - во југозападните делови на Соединтетите Американски Држави крзното е со кратко влакно, темна боја, а шепите се потесни; како рисот се движи кон поладната, северна клима, крзното постепено станува погусто (за да го штити од студот), бојата е посветла (заради камуфлирање), а неговите шепи се зголемуваат и стануваат сé пошироки (за полесно движење по снег). Шепите се зголемуваат до тој степен што може да станат поголеми од човечка рака или стапало.
Рисот има неверојатно добар слух и 28 заби, кои ги забива длабоко во жртвата. Забите му се од голема помош, бидејќи тој не е најуспешниот ловец и ги губи повеќето од своите жртви поради разни други причини.
Најмалиот рис е бобкет рисот и kанадскиот рис, додека најголем е eвроазискиот рис. Сепак, постојат значителни разлики во рамките на еден вид.






No comments:

Post a Comment